Бајден пристигна во Јужна Кореја, најпрво во посета на фабриката Самсунг

Бајден во Јужна Кореја/ Фото Lee Jin-man / AFP / Profimedia

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Јужна Кореја, неговата прва станица на првото патување во Азија откако е на функција.

Бајден слета во американската воздухопловна база во Осан, јужно од Сеул. Тој требаше да се сретне со претседателот Јун Сук-јол, кој е релативно нов во политиката, за првпат во живо. Предвидено е двајцата да ја посетат фабриката Самсунг Електроникс.

Заменик претседателот на Самсунг Електроникс, Џеј И. Ли денеска нема да се појави на рочиште за судење за сметководствена измама, бидејќи се очекува тој да биде домаќин на обиколката на Бајден, тврди судски извор.

Меѓудругото, Бајден и Јун ќе се соочат и со проблемот со Северна Кореја. Лидерот Ким Џонг Ун се откажа од запирање со тестирање интерконтинентални балистички ракети. Се чини дека тој е подготвен да продолжи со тестирање нуклеарни бомби, можеби и додека Бајден е во регионот, наведуваат медиуми.

Претседателот на САД ќе ја посети и Јапонија, каде ќе има средба со јапонскиот премиер Фумио Кишида. Во Токио, Бајден ќе присуствува и на регионалниот самит на Австралија, Индија, Јапонија, САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот