Бајден потпиша закон со кој 19 јуни се прогласува за национален празник по повод крај на ропството во САД

Фото: EPA-EFE/Anna Moneymaker / POOL

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој го прогласи „Џунтинт”(Juneteenth) или 19 јуни за 11-ти федерален празник со кој се означува крајот на ропството.

Претходно во средата, предлогот беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот конгрес со 415 гласа „за” и 14 „против”.

„Џунтинт, исто така, означува долга, тешка ропска ноќ и најава за посветло утро”, рече Бајден во Белата куќа пред потпишувањето на законот, додавајќи дека тој ден е потсетник за „страшните последици од ропството во земјата”.

„Џунтинт” го одбележува денот кога за последните робови во Америка, во 1865 година во Галвестон, Тексас, се вели дека се ослободени, две години по потпишувањето на Прокламацијата за еманципација за време на граѓанската војна, со што завршија 246 години ропство во САД. Голем број американски држави веќе го признале 19 јуни како празник, и тој ден е платен празник за вработените во државните управи во Тексас, Њујорк, Вирџинија и Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот