Бајден: Посетата на папата на Ирак е симбол на надеж за целиот свет

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја поздрави посетата на Папата Франциск на Ирак. Во соопштение објавено денеска, тој изјави дека Ирак е земја со мултиетничко и мултирелигиозно население, истакнувајќи дека тука егзистираат најстарите христијански општини во светот.

Истакна дека посетата на Папата Франциск, прва на Ирак, е од историско значење. Претседателот по овој повод ги искажа зборовите на папата Франциск дека „братството е посилно од братоубиството, дека надежта е посилна од смртта и дека мирот е посилен од војната”.

Според Бајден, симбол на надеж за целиот свет е тоа што римскиот понтифиј го посетил местото каде според бибилиските преданија се родил Аврам. Папата се сретна со ајатолот ал-Систани и произнесе молитва во Мосул, град кој со години страдаше од верска омраза и насилство, предизвикано од такви групи како Исламската држава.

Претседателот оддаде признание на владата и народот на Ирак за внимателната подготовка и организација на папската посета. Тој исто така изрази восхит од приврзаноста на папата кон делото на хуманизмот, зацврстување на толерантноста и заменото разбирање меѓу верските заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот