Бајден порача дека ќе ѝ помогнат на Кина да запре крешењето на човековите права

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Претседателот на Соединетите американски држави Џозеф Бајден рече дека ќе има последици за Кина за кршење на човековите права, наведувајќи дека на оваа тема разговарал телефонски со претседателот на најмногубројната земја на светот Си Џинпинг. 

Бајден одговараше на прашања кои се однесуваат на муслимнското малцинство Ујгури во западниот регион на Kсинџијанг.

САД повторно ќе ја преземат главната улога во борбата за човекови права, нагласи Бајден, додавајќи дека ќе работи со меѓународната заедница за Кина да ги заштити малцинствата.

„Кина се труди да стане светски лидер, но за да станете тоа, мора да ја добиете довербата на останатите земји. Сé додека се вмешани во активности кои се спротивни на основните човекови права, ќе им биде тешко да станат лидери“, оцени Бајден.

Извор: Блиц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот