Бајден: Поддршката на Украина е „обврска на светот”, тенковите „Абрамс“ се најспособните

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Американскиот претседател Џо Бајден, на денешната прес-конфренција, потврди дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс” во Украина. Тој соопшти дека утрово разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и со италијанската премиерка Џорџа Мелони, околу поддршката за Украина.

„Денеска објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе испратат 31 тенк Абрамс во Украина, што е еквивалент на еден украински баталјон, рече тој. – Државниот секретар Лојд Остин го препорача овој чекор бидејќи со тоа ќе се зајакне капацитетот на Украина да ја брани својата територија и да постигне стратешки цели“, рече американскиот претседател.

Бајден посочи дека тенковите Абрамс се најспособните тенкови во светот и тие се, исто така, исклучително сложени за ракување и одржување. – Значи, на Украина и ги даваме деловите и опремата неопходни за ефикасно одржување на овие тенкови на бојното поле.

Тој вели дека за испорака на овие тенкови „ќе биде потребно време”, но САД ќе се погрижат украинските трупи да бидат „целосно подготвени” да управуваат со тенковите.

„Поддршката на способноста на Украина да се бори против руската агресија, да го брани својот суверенитет и територијален интегритет е обврска на светот“, додава тој.

Претходно и Белата куќа соопшти дека ќе испрати „Абрамс” во Украина, а САД ќе обезбедат и соодветна обука и делови неопходни за оперативност на тенковите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот