Бајден по самитот на лидерите во Брисел заминува за Полска

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден, по самитот на лидерите во Брисел, чија цел беше да се покаже дека Западот е обединет против Русија, ќе замине за Полска за да се договори за планот за бегалците.

„За време на посетата, Бајден ќе се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда за да му се заблагодари за сè што прави народот на Полска и ќе разговара за координиран хуманитарен одговор”, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Бајден утрово ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и се очекува да објави план за испорака на огромни количини течен гас за да се намали зависноста на Европа од руската енергија. Потоа ќе замине за Полска.

Тој синоќа рече дека негова амбиција е да обезбеди целосно единство на демократските земји кои се соочуваат со се помоќни автократии.

„Мојата амбиција е да се обезбеди целосно единство на демократиите наспроти се помоќните автократии”, рече Бајден на самитот на лидерите на ЕУ, на кој беше поканет како гостин.

Пред тоа, тој учествуваше на самитот на лидерите на НАТО и Г7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот