4 C
Скопје

Бајден пешки пристигна до Белата куќа: Ова ќе му бидат првите потези на новата функција

По церемонијата на полагање венец на Гробот на незнајниот војник на Националните гробишта Арлингтон, американскиот претседател Џо Бајден вечерва пешки дојде до Белата куќа, минувајќи низ главните, добро обезбедени, улици на Вашингтон, каде на неколку пункта имаше и граѓани.

Неговото претседателско возило со регистерски таблички „46″ во чест на 46-от претседателски мандат, вечерва, запре на еден блок до Белата куќа по што Бајдем сопругата, членовите на неговото семејство и обезбедувањето пешки дојдоа до Белата куќа, застанувајќи и разговарајаќи со граѓани кои беа на импровизираната платофрма наспроти Белата куќа.

Тој претходно, во првиот твит од службениот налог на Твитер, напиша дека нема време за губење и дека веднаш ќе се зафати со работа. Треба да потпише 17 извршни наредби со кои вон сила става одреден број претходни укази на досегашниот претседател Доналд Трамп.

Прочитајте и...  Неверојатен случај во Франција: Човек умрел бидејќи испил премногу вода?

Првите извршни наредби што ќе ги потпише се за враќањето на САД во Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација, изјавија утринава соработници на новоизбраниот американски претседател.

– Со тоа ќе се ослободи од политиката на претседателот Доналд Трамп и ќе постави нови насоки за имиграцијата, животната средина, борбата против Ковид-19 и економијата, наведоа соработниците на Бајден.

Со потезите од првиот ден, тој ќе стави крај на многу нападнатата забрана на Трамп за посетители од муслимански земји и ќе ја запре изградбата на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико за спречување на илегалната имиграција.

Тој, исто така, ќе постави мандат за носење маски на федерални имоти за да се запре ширењето на Ковид-19; ќе врати заштити на природните резервати отстранети од Трамп; и ќе бара замрзнување на иселувањата и заштита на милиони луѓе со хипотеки кои беа погодени од пандемијата на коронавирусот. Тој исто така планира да испрати предлог-закон до Конгресот за обнова на имиграциската политика и да им даде на милиони мигранти без документи кои живеат во земјата пат до државјанство што администрацијата на Трамп го оспоруваше.

Прочитајте и...  Бесими во Брисел: Евроинтеграциите ќе го забрзаат економскиот раст

Претходно, уште додека беше во Капитолл, Бајден потпиша три документи: прокламација за инаугурацијата, за номинирање на членовите на неговиот кабинет и номинација за другите вработени во кабинетот.

Поврзани вести

Шокантно сведоштво: Косовската полиција трага по доктор осуден на 6,6 години затвор за сексуално злоставување на 15-годишното девојче

Илинка Иљоска

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА I Ловџика на трофеи ја згрози јавноста: На денот на заљубените позираше со убиена жирафа

И.И.

Професорката Беса Арифи: Важен ден, бидејќи моќен човек како Мијалков заврши со сериозна затворска казна

Слободен печат

Летните тераси повеќе нема да го окупираат јавниот простор

Слободен печат

Дијаспората на БиХ во САД не го сака Германецот Кристијан Шмид за нов Висок претставник во нивната земја

Слободен печат

Русија почна со производство на „Спутник V“ во спреј

Слободен печат

Остави Коментар