Бајден одобри повторно распоредување американски војници во Сомалија

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден го одобри прераспоредувањето на неколку стотици американски војници во Сомалија, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред повеќе од една година го нареди нивното повлекување оттаму, соопштија денеска двајца американски претставници.

Пред наредбата на Трамп за повлекување, САД во Сомалија имаа распоредено околу 700 војници, кои беа фокусирани на помошта на локалните сили во задушување на бунтот на Ал Шабаб, терористичката група која е тесно поврзана со Ал Каеда, јавија британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот