Бајден очекува „остра конкуренција” со Кина, а не конфликт

Претседателот на САД Џо Бајден очекува американското ривалство со Кина да има форма на „жестока конкуренција”, наместо конфликт меѓу двете светски сили. Изјавата ја даде за време на интервју за Си Би Ес, емитувано денеска.

Шефот на Белата куќа изјави дека не разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако стана претседател на САД.

-Тој е многу тежок и тврдоглав. Тој нема, и не го кажувам ова како критика, туку како реалност – тој нема демократска, со мало „д” коска во неговото тело, рече Бајден.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот