Бајден нуди заживување на нуклеарниот договор: Иран бара „преку леб погача“?

САД на нуклеарните преговори во Виена изразија подготвеност да повлечат многу од своите санкции против Иран, но Техеран бара повеќе, изјави за државните медиуми иранскиот врховен преговарач Абас Аракчи.

– Податоците што ги добивме од американска страна покажуваат дека тие исто така се сериозни во врска со враќањето во нуклеарниот договор и досега изразија подготвеност да укинат голем дел од санкциите, рече Аракчи за државната иранска телевизија.

Хамнеи: Понудите во преговорите за иранскиот нуклеарен договор не вреди да се разгледуваат

Сепак, како што додаде, тоа „не е адекватно” од гледна точка на Иран и затоа разговорите ќе продолжат сè додека не бидат исполнети сите барања на земјата.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од тој договор во 2018 година и повторно воведе остри санкции кон Иран и неговите регионални сојузници. Тоа ја зголеми напнатоста.

Израел со порака до САД: Не се враќајте во иранскиот нуклеарен договор

Во меѓувреме, Катар ги повика САД и Иран да започнат „позитивни“ дискусии.

„Имаме силни и стратешки односи со Вашингтон и добри со Иран и не сакаме да ги зголемиме тензиите што негативно би се одразиле на Катар и регионот“, рече катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот