Бајден нема да организира митинзи поради епидемијата на коронавирусот

Џо Бајден

Кандидатот на Демократската партија на претседателските избори во САД, Џо Бајден, денеска соопшти дека нема да организира предизборни митинзи поради епидемијата на коронавирусот.

-Ќе  ги почитувам наредбите на лекарите, не само за мене, туку и за земјата, а тоа значи дека нема да одржувам собири, рече поранешниот американски потпретседател.

Би-Би-Си наведува дека тоа е во целосна спротивност со ставот на неговиот противник Доналд Трамп, кој на крајот на јуни веќе го одржа својот прв митинг од кампањата во Тулса, во сојузната држава Оклахома, и покрај здравствените предупредувања.

Одзивот на поддржувачите, меѓутоа , беше помал од очекуваниот, а нови митинзи не се најавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот