Бајден нареди да се испитаат контроверзните активности на Москва: Истрагата има за цел мешање на избори, труење на Навални и хакерски напад
Американскиот претседател Џозеф Бајден им нареди на разузнавачките служби на САД да спроведат целосна истрага за наводно руско мешање во претседателските избори во САД во 2020 година, сајбернапад врз американски владини агенции и инцидент поврзан со наводно труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.
Таа рече дека Соединетите држави, иако соработуваат со Русија во корист на нејзините интереси, не се плашат да ја повикаат таа земја да одговара за, како што ги нарекуваат, несовесните и непријателски активности во Белата куќа, пренесе ТАС.
– Затоа, претседателот и даде задача на разузнавачката заедница да направи целосна процена на сајбер нападот, мешањето на Русија во изборите, употребата на хемиско оружје против Навални и наводните бонуси за убиство на американски војници во Авганистан – Псаки.