Бајден најави кандидирање за втор мандат

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека има намера да се кандидира за втор претседателски мандат во 2024 година, јави Ен-Би-Си.

Според медиумот, за време на приватен разговор со aктивистот за граѓански права Ал Шарптон во септември, Бајден му рекол дека „се подготвува повторно да го стори тоа”, мислејќи на неговата кандидатура за претседател.

Додека сојузниците на Бајден посочија дека тој ќе се кандидира за реизбор, претседателот допрва треба јавно да ја соопшти таа намера, јави Ен-Би-Си. Неговите зборови до Шарптон дојдоа на крајот од состанокот во Белата куќа со лидерите на некои од највлијателните организации за човекови права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот