Бајден на средбата со Путин ќе разговара и за сајбер нападите, од Русија се очекува да ги запре хакерите

Путин-Бајден/ Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Американскиот претседател Џо Бајден планира за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин да разговара и за заканата која ја претставуваат обидите за сајбер изнуда и прикривањето на хакерите кои ги изведуваат нападите, потврди денеска Белата куќа.

„Очекуваме дека ова ќе биде едно од прашањата за кои Бајден ќе разговара со претседателот Путин на средбата“, соопштила портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, пренесува Ројтерс.

Таа нагласила дека американскиот претседател смета дека Путин и руската Влада мораат да преземат поголема улога во спречување на сајбер нападите.

Најголемата светска компанија за преработка на месо „ЏБС“ оваа недела се најде на мета на хакери што доведе до застој на производството во САД, Канада и Австралија, а многу вработени беа принудени да останад дома.

Хакери ќе ги остават „Мекдоналдс“ и „Волмарт“ без месо

Компанијата ја извести американската влада дека хакерското барање за плаќање на откуп за повторно да имаат контрола над својот блокиран електронски систем, дошло од криминална организација, која најверојатно е од Русија, соопшти Белата куќа.

Првиот состанок меѓу Џо Бајден и Владимир Путин би требал да се одржи во Женева во среда на 16 јуни и треба да допринесе до обнова и стабилизација на меѓусебните односи на двете држави кои се на најниско ниво уште од Студената војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот