Бајден: Му предложив на Путин ова лето да одржиме состанок во Европа

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека му предложил на неговиот руски колега Владимир Путин да одржат состанок летово во Европа.

„Кога разговарав со претседателот Путин, истакнав дека верувам дека директната комуникација помеѓу нас двајца е неопходна за напредок кон поефикасен однос. И тој се согласи со тоа”, нагласи синоќа Бајден, коментирајќи ја американската политика кон Русија.

Тој рече дека предложил да се сретнат лично на самит во Европа ова лето, „со цел да се справат со голем број прашања со кои се соочуваат двете држави”.

Бајден го опиша разговорот со Путин како „искрен и полн со почит”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот