Бајден му ја честита победата на Лула на „слободни, фер и кредибилни“ избори

Фото Колаж на СП/ ЕПА

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва за неговата победа во неделата на „слободни, фер и кредибилни избори“ и рече дека со нетрпение очекува да продолжи соработката меѓу земјите, пишува Ројтерс.

Левичарот Лула го победи претседателот Жаир Болсонаро во вториот круг од изборите што означи неверојатен кам-бек за Лула и крај на најдесничарската влада во Бразил во последните децении. Лула освои 50,9 отсто од гласовите во споредба со 49,1 отсто за Болсонаро, соопшти Врховниот изборен суд, прогласувајќи го Лула, кој претходно беше претседател со два мандати, за победник.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен преку твит им честиташе на Бразилците „за тоа што го искористија своето право на глас и ја потврдија силата на нивната демократија“.

Соединетите Американски Држави „со нетрпение очекуваат да го продолжат нашето силно партнерство со новоизбраниот претседател Лула додека градиме демократска, просперитетна и правична хемисфера“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот