15 C
Скопје

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Американскиот претседател, Џо Бајден, ги повика демонстрантите во Минеаполис, кои излегоа на улиците по убиството на 20-годишниот црнец Донте Рајт, да се воздржат од насилство и побара да се утврди одговорноста за овој немил настан.

-Ова е навистина трагичен настан, но мора да почекаме на резултатите од истрагата. Во меѓувреме, би сакал уште еднаш да бидам јасен: Нема апсолутно никакво оправдување за насилството. Мирните протести се разбирливи. Додека чекаме целосната истрага да заврши, знаеме што треба да правиме за да одиме напред: да ја вратиме довербата и да ја осигуриме  одговорноста за никој да не може да се стави над законот, рече Бајден.

Шефот на полицијата во населбата Бруклин Центар, каде се случи убиството, Тим Ганон изјави дека полицајката која го убила во Рајт тоа го сторила „случајно”, бидејќи место „шокер” по грешка земала пиштол. 

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар