Бајден лично ќе ги обновува односите со Европа на самитот на НАТО во Брисел

Џо Бајден /Фото: EPA-EFE/STEFANI REYNOLDS / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на НАТО планираат на самитот на НАТО во Белгија на 14 јуни да разговараат за тензичните односи со Русија и Кина, повлекувањето на војниците од Авганистан и иднината на 30-члениот воен сојуз.

Состанокот во седиштето на НАТО во Брисел ќе биде можност за Бајден лично да воспостави односи со лидерите од Европа и Канада, кои ескалираа за време на поранешниот претседател Доналд Трамп.

– Ова е единствена можност за зајакнување на НАТО како олицетворение на односите Европа-Северна Америка, нагласи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Столтенберг додаде дека состанокот ќе се фокусира на „безбедносните предизвици денес и утре: агресивните активности на Русија, заканата од тероризам, кибернападите, новите и деструктивни технологии, влијанието на климата врз безбедноста и подемот на Кина”.

Состанокот ќе се одржи кога трупите на НАТО ќе го напуштаат Авганистан, досега најголемата и најпредизвикувачка операција на Алијансата. Тие треба да се повлечат најдоцна до 11 септември.

Сојузниците на НАТО ја активираа клаузулата за колективна одбрана на организацијата за прв и единствен пат по нападите на 11 септември врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година за да се обединат во одбрана на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот