Бајден: ,,Кралицата ме потсети на мојата мајка“

Американскиот претседател Џо Бајден по средбата со британската кралица, Елизабета Втора, изјави дека кралицата го потсетила на неговата мајка.

Претседателот Бајден по вчерашната средба со кралицата, кажа дека таа го прашувала за претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, пренесува СНН.

Британската кралица ги прими Џо и неговата жена Џил во познатиот замок Виндзор.

Како помлад сенатор, Бајден бил советуван од неговата мајка, која имала ирско потекло, да не и се поклонува на кралицата,  беше напишано во мемоарот кој Бајден го објави пред неколку години. Тој на вчерашната посета ја послуша неговата мајка и не се поклони пред кралицата.

Бајден е 12тиот американски претседател кој за време на неговиот мандат имал средба со британската кралица.

Средбата на Бајден со кралицата Елизабета Втора го одбележи крајот на посетата американскиот претседател во Европа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот