Бајден: Конгресот нека одлучи за евентуален импичмент на Трамп

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави денеска дека Конгресот треба сам да одлучи за евентуална процедура за импичмент на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Tој нагласи дека е фокусиран во моментот на вакцинирањето на Американците и на закрепнување на економијата.

– Што ќе одлучи Конгресот е нивна одлука…Мојата функција почнува за 12 денови и со Божја волја, јас ќе бидам претседател на САД, изјави тој.

Бајден додаде дека негов приоритет сега е подготовка на новата администрација и дека е фокусиран на три работи – спречување на ширењето на вирусот, вакцинирањето на населението во САД и економски раст.

Според него, единствената работа со која се согласува со Трамп е дека е добро што нема да присуствува на инаугурацијата на 20 јануари.

– Ми рекоа дека тој посочил дека нема да се појави на инаугурацијата. Една од ретките работи за кои јас и тој некогаш сме се согласиле. Добра работа е тој да не се појави, изјави Бајден.

– Тој… ги надмина и моите најлоши мислења за него. Тој е срам за земјата, срам за целиот свет, недостоен да ја извршува таа функција…Сепак, потпретседателот Пенс е добредојден на 20 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот