Бајден: Конгресните избори се „одлучувачки момент” за американската демократија

Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Американскиот претседател Џо Бајден на синоќешниот голем предизборен митинг во Филаделфија пред конгресните избори во вторник изјави дека ова ќе биде „одлучувачки” момент за иднината на американската демократија.

– Демократијата е буквално на гласачкото ливче. Ова е одлучувачки момент за нацијата и сите ние треба да зборуваме со еден глас, рече лидерот на демократите од сцената во Филаделфија за поддршка на кандидатите на Демократите во Пенсилванија.

На предизборниот митинг, освен кандидатот на Демократите за Сенатот, зборуваше и поранешниот претседател Барак Обама.

Оваа држава ќе биде клучна на изборите на 8 ноември, бидејќи исходот од гласањето може да резултира со преземање на контролата врз Конгресот од страна на републиканците.

Среднорочните избори во САД се одржуваат на секои четири години на средината на секој претседателски мандат и оваа година вклучуваат избори за сите 435 места во Претставничкиот дом, 35 од 100 места во Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и бројни други локални функции и предлози за гласање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот