Бајден ќе им оддаде почит на жртвите од пукањето во Бафало

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе ги повика Американците „да не даваат прибежиште на омразата“, а Конгресот да усвои мерки за контрола на оружјето. Тој и првата дама Џил Бајден, денеска во Бафало, сојузна држава Њујорк, ќе оддадат почит на жртвите од саботниот масакр.

Тие ќе го посетат местото на трагедијата и ќе испратат сочувство до роднините на жртвите од масовното пукање, а исто така ќе се сретнат со претставници од безбедносните и службите за брза реакција, и локалните лидери.

„Претседателот ќе го нарече тој одвратен чин тоа што е – тероризам заснован на омраза и изопачена идеологија што ја раскинува душата на нашата земја“, изјави денеска службено лице од Белата куќа.

Бајден ќе побара од Конгресот „донесување мерки за отстранување на оружјето од нашите улици и да не се допушти негово паѓање во рацете на криминалци и луѓе заболени од сериозни психички болести што ги прави опасни за себе и за другите“.

Она што се знае е дека 18-годишниот Пејтон Хендрон, белец, во саботата во супермаркет, лоциран во дел од градот каде претежно живеат Афроамериканци, уби десет луѓе и рани уште тројца. Од тринаесетмината, единаесет се црномурести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот