Бајден ќе го нагости Макрон со јастози од Мејн и американски кавијар

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET/Профимедиа

Америка ќе ги постави на трпеза своите врвни кулинарски специјалитети кога Џо и Џил Бајден ќе ги нагости Емануел и Брижит Макрон, претседателот и првата дама на европската нација со истенчен вкус, на приватната вечера на павилјон на Јужниот тревник во Белата куќа.

На менито се јастог на путер од Мејн, американски кавијар, говедско со тројно печени компири и сортни сирења од Орегон, Висконсин и Калифорнија. Од „златната држава“ се и вината – нефилтрирано шардоне њутон, каберне совињон од Анакота „Најтс вели“, како и пенливото „редерер естејт брут роуз“, што има и француска нишка во аромата.

Фото: Профимедиа

За десерт се предвидени портокалова шифон торта, печени праски со сос од цитрони и сладолед „крем фреш“.

Фото: Профимедиа

Бајден не е првиот домаќин во Белата куќа што ги дочекал француските лидери со американски вина. Доналд Трамп му сервираше на Макрон „Домен серин“ – шардоне од Орегон, и пино ноар „домен друин“ од винарија чии корени се во Бургундија во 19 век. Барак Обама го пречека Франсоа Оланд со шардоне од винаријата „Тибо-Џенисон“, формирана од двајца доселеници од Франција во Вирџинија.

ИНФОГРАФИК: Трката за Месечината продолжува

Макрон во Вашингтон ќе се обиде да го убеди Бајден околу економските тактики на САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот