Бајден ќе го предизвика Трамп да се натпреваруваат во склекови ако мисли дека е престар за претседател – Слободен печат
ВестиПланета

Бајден ќе го предизвика Трамп да се натпреваруваат во склекови ако мисли дека е престар за претседател

Бајден призна дека можеби оставил таков впечаток кај некои луѓе, но рече дека никогаш не му било проблем некому да се спротивстави.

Демократскиот кандидат за иден претседател на САД, 77-годишниот Џо Бајден има подготвено одговор доколку 73-годишниот американски претседател се потсмева во неговите години или ја доведе во прашање неговата ментална состојба за време на дебатата за изборите во 2020.

Во тој случај, Бајден ќе го предизвика Трамп да прават склекови на сцена, пренесува „Вашингтон пост”.

Овој извор наведува дека поранешниот американски потпретседател во администрацијата на Барак Обама овие планови ги открил за време на гостување во утринска програма на телевизијата МСНБЦ кога му било поставено прашање дали е доволно силен да му се спротивстави на Трамп со оглед на слабиот впечаток што го остави по првата дебата на Демократската партија за избор на партиски кандидат.

Бајден призна дека можеби оставил таков впечаток кај некои луѓе, но рече дека никогаш не му било проблем некому да се спротивстави.

На прашањето на водителката што ќе направи доколку Трамп ги спомене неговите години или ментална состојба, Бајде вели дека има подготвен одговор.

– Ќе му речам, ајде Доналде, ајде човече, колку склекови ќе направиш овде, другар? Мислам, на шега… Ајде, трчај покрај мене – рече Бајден.

Тој притоа додаде дека вообичаено за време на учество на паради, вклучувајќи ја и последната по повод национиот празник – 4 Јули, ја претрчува целата патека по која се движи парадата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close