5 C
Скопје

Бајден ја разгледува кандидатурата на генерал Остин за шеф на Пентагон

Новоизбраниот претседател, Џо Бајден ја разгледува кандидатурата на пензионираниот генерал Лојд Остин за министер за одбрана а САД, објави „Аксиос” повикувајќи се на свои извори.

Во случај кандидатурата да биде одобрена, Остин ќе стане прв Афроамериканец, шеф на Пентагон.

Лојд замина во пензија во 2016 година. Дотогаш ја предводеше Центарaлната команда на воените сили на САД. Бидејќи тој е во оставка од државни или армиски функции, во случај неговата кандидатура да биде прифатена, за негово назначување ќе треба специјално одобрување од Конгресот.

Како што наведува „Аксиос” другите имиња за функцијата министер за одбрана на САД што претходно се вртеа беа поранешниот главен специјалист за Русија, Мишел Флурној, како и Тими Дакворт, воен ветеран. Според сознанијата на Политико, во најтесниот круг се кандидатите Флурнои, Даквор и Џек Рид, сенатор од Роуд Ајленд.

Прочитајте и...  Главниот германски вирусолог предупредува: „Нормалноста“ нема да се врати долго време

Од „Аксиос” пак дознаваат дека најпрво се разгледувала кандидатурата на Флурној, но потоа во дискусијата околу прашањето се изнеле такви фактори како расната припадност, искуството и нивото на комфорт за Бајден. 

Поврзани вести

Се подготвува механизам за надзор на извозот на вакцини од ЕУ: Нема да влијае за земјите од Западен Балкан

Слободен печат

ЕУ усвои упатства за потврди за вакцинација

Слободен печат

Евидентирани нови 336 случаи на ковид-19, починаа 10 пациенти, оздравеа 385

Слободен печат

НУК: Не прифаќаме средба без Битиќи и сакаме да присуствуваме на состанокот со стопанските комори

Слободен печат

Јовески од собраниската говорница: Неблагодарно е да се коментираат состојбите во „Монструм”, предметот е во деликатна фаза

Слободен печат

Европол: Во Романија запленети речиси половина милион фалсификувани евра

Слободен печат

Остави Коментар