Бајден ја предупредува Украина: Русија може да нападне во февруари

Бајден Украина Русија
Џо Бајден / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека постои „јасна можност“ Русија да ја нападне Украина следниот месец, објави Белата куќа

Русија, пак, вели дека гледа „мала основа за оптимизам“ во решавањето на кризата откако САД ги отфрлија главните барања на Русија. Концентрирањето на десетици илјади војници на украинската граница во последните недели ги поттикна стравувањата од инвазија. Русија негира дека планира напад.

Американскиот претседател во телефонски разговор го предупреди украинскиот претседател Владимир Зеленски за рускиот напад.

„Претседателот Бајден рече дека постои јасна опасност Русите да ја нападнат Украина во февруари“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн, цитирана од Би-Би-Си.

За време на нивниот разговор, претседателот Бадиен „ја потврдил подготвеноста на Соединетите Држави, заедно со нивните сојузници и партнери, да одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Зеленски рече дека „разговарале за неодамнешните дипломатски напори и деескалација и се договориле за заеднички акции за иднината“. Некои воени експерти сугерираат дека Русија можеби чека земјата во Украина да замрзне за да можат да се движат со тешка опрема.

Од друга страна, еден украински функционер истакна дека разговорот меѓу Зеленски и Бајден „не поминал добро“ бидејќи не се договориле за „нивото на ризик“ од рускиот напад.

Во повикот, кој украинскиот функционер го опиша како долг и искрен, Бајден го предупредил својот колега дека рускиот напад може да биде неизбежен откако земјата замрзна во февруари. Имено, Зеленски повторно е на својот став дека заканата од Русија останува и дека не е сигурно дека ќе има напад.

Ова не е првпат Русија да планира да ја нападне Украина. Русија го анектираше украинскиот јужен полуостров Крим во 2014 година. Ги поддржува и тамошните бунтовници, кои набрзо окупираа големи делови од источниот регион Донбас, а во борбите таму беа убиени околу 14.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот