Бајден ја повика Русија да го ослободи новинарот на „Волстрит џурнал“

Џо Бајден/ Фото White House Photo / Alamy / Alamy / Profimedia

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја повика Русија да го ослободи новинарот на „Волстрит џурнал“, уапсен под обвинение за шпионажа и кој се наоѓа во притвор во Москва во очекување на судењето.

„Ослободете го новинарот“, рече Бајден додека одговараше на прашања од новинари во Белата куќа.

Весникот „Волстрит џурнал“ повика рускиот амбасадор во Вашингтон да биде прогласен за персона нон грата откако новинар на весникот беше приведен во Русија под сомнение за шпионажа.

„Протерувањето на рускиот амбасадор во САД, како и на руските новинари кои работат таму, би било најмалата работа. Моментот избран за апсење изгледа како провокација пресметана да ги засрами САД и да ги заплаши странските новинари кои се уште работат во Русија“, тврди весникот во уводникот објавен синоќа.

Еван Гершкович (31) беше приведен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа. Кремљ тврди дека тој бил фатен „на местото на злосторството“. Новинарот ги отфрли сите обвиненија појавувајќи се пред московскиот суд. Сепак, му беше одреден притвор до 29 мај, а притворот може да биде продолжен до судењето.

Познато е само дека руската Федерална служба за безбедност објави дека со апсењето на Гершкович „спречила незаконска активност“.

Инаку Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, го критикуваше главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел на „Телеграм“ за неговите коментари за уапсениот новинар на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович.

Борел рече дека ЕУ го осудува притворањето на новинари и американски граѓани и дека новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија. Захарова на тоа искоментира: „Застани зад твоите зборови, Жозеп, застани за Џулијан Асанж и Марат Касем. Само заради рамнотежа“.

ЕУ со критики до Москва поради „непочитување на медиумите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот