Бајден ја избра Камала Харис за потпретседателски кандидат

Камала Харис / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Претседателскиот кандидат на Демократската партија на престојните избори во САД, Џо Бајден ја одбра сенаторката Камала Харис за свој потпретседателски кандидат, објави Њујорк Тајмс.

Оваа информација и самиот Бајден ја објави на Твитер.

– Имам голема чест да објавам дека ја одбрав Камала Харис, бесстрашен борец за малиот човек и една од најдобрите државни службеници во земјата, како моја помошничка во трката за претседател, напиша Бајден.

Харис ќе биде прва жена со црна боја на кожата и прва личност со индиско потекло номинирана за така висока позиција во САД од страна на некоја од владејачките партии.

Камала Харис и самата беше во трката за номинација на демократите, но се повлече после лошите резултати од одржаните дебари. Претходно беше сенатор од Калифорнија и јавен обвинител.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот