Бајден: Иран не може да дејствува неказнето

Фото: EPA-EFE/Anna Moneymaker / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Иран не може да дејствува неказниво.

На прашањето каква порака испраќаат САД до Иран со воздушните напади врз Сирија, тој рече дека тоа е предупредување до Техеран „да биде внимателен”.

– Не можете да дејствувате неказнето. Бидете внимателни, рече Бајден на прес-конференција по посетата на погодените од снежната бура подрачја во Тексас.

Бајден одобри САД да извршат воздушни напади врз објекти кои припаѓале на милицијата поддржана од Иран во источна Сирија како одговор на ракетни напади врз американски цели во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот