-2 C
Скопје

Бајден: Империјата ќе го возврати ударот!

Го одгледавме некни интервјуто на американската амбасадорка Брнс на ТВ Телма во кое таа, со извесна доза на нелагодност (не само во ставовите, туку и во „говорот“ на испреплетените прсти згрчени на масата за време на речиси целиот разговор) и со разно-разни дипломатски флоскули се обидуваше да ја „објасни“, ако веќе не и да ја „оправда“, четиригодишната политика на својот шеф, претседателот Трамп, кон светот.

Не е виновна амбасадорката што тој обид ѝ помина прилично бледо, бидејќи проектот „Да ја направиме Америка повторно извонредна“, едноставно, надвор од САД, тешко се брани: ем да сакаш да продолжиш бидеш најпочитуван и највлијателен фактор во светот; ем за ништо друго, освен за својот најтесен национален интерес, да не ти е гајле. Следствено, на разни точки во светот, американските амбасадори во последните 2-3 години, од апсолутни предводници во влијанието на дипломатските корови, станаа угледни членови на вторите дипломатски ешалони во земјите во кои службуваат. Со потечени очи од неспиење, за да останат во тек со најновите твитерски контроверзи на човекот кој пати од хронична несоница во Белата куќа.

Прочитајте и...  Родителите – сојузници на наставниците

Долга е историјата на повремената американска изолационистичка надворешно-политичка идеја, веројатно цели 200 години наназад, според која Американците не треба да бидат премногу вовлекувани во светските настани, бидејќи нивниот континент и неговото поблиско окружување се доволно голем геополитички простор за да им ги преокупира вниманието, енергијата и ресурсите. Претседателот Трамп со таа идеја победи и, прилично хаотично, владееше четири години во Белата куќа, собирајќи во вториот изборен обид речиси рекорден број на гласови во историјата на американските претседателски избори. Веднаш зад апсолутниот изборен рекорд на сите времиња на Џозеф Бајден.

Бајден, пак, според сите најави, е решен на американската надворешна политика да ѝ го врати сјајот на „Блескавиот град на врвот од ридот“ (“The shining city on the hill”), за да го возобнови економското, политичкото и безбедносното лидерството на САД во глобализираниот свет за чие создавање во последните три децении – од самопрогласениот „крај на историјата“ наваму – самата одигра клучна улога. Ако се суди според кадровските решенија и идеолошките концепти што ги заговара, Бајден е решен да се врати во полна лидерска сила во сите клучни светски економски, трговски, безбедносни, политички, здравствени и други мултилатерални иницијативи, скандалозно дезертирани од Трамп.

Прочитајте и...  Палењето знаме е примитивизам што треба да се казни

Сојузниците повторно ќе бидат третирани со почит, а не со Трамповиот потсмев и потценување. На непријателите ќе им се предочи силата на американскиот аргумент (како и да се дефинира содржината на таа принципиелна, хегемонистичка политика), наместо Трамповото жовијално додворување и релативизациите во кои само службените претседателски преведувачи, под заклетвата за чување на највисоката државна тајна, знаат што точно е разговарано и допишано.

Со други зборови, однесувањето на САД на меѓународната сцена повторно ќе стане релативно предвидливо, па дури и кога се двојните интернационални аршини во прашање. За здравјето на „мравките“ не е мала работа да можат да го антиципираат танцот на најкрупниот „слон“ во „крдото“ на меѓународната политика.

Ефектите од тоа не се мали, дури и само по најавата на Бајден – на пример, после подолго време, вредноста на акциите на светските берзи рипна на рекордно дневно ниво, бидејќи светските бизниси очекуваат стабилност и предвидливост, а не каприци и комични лидерски хирови од најголемата светска супер-сила. Парадоксално, дури и во компетитивните на Америка центри на моќ во светот како да се чувствуваат воздишки на извесно олеснување…

Прочитајте и...  Зошто се влошува состојбата со епидемијата во Британија?

Но, во тој контекст, да се навратиме на телевизиското интервју на нејзината екселенција Брнс: за прв пат по подолго време, таа – јасно и гласно – го искажа американското очекување дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ пред истекот на оваа година. Не можеме да знаеме за што разговара американскиот амбасадор во Софија со своите тамошни домаќини, но некако наеднаш Заев оптимистички најавува можност за „пеглање на разликите“ наметнати од Бугарија во текот на следните неколку недели. Ако се суди според апсолутно паничната реакција на овие вести во „курирските“ медиуми блиски до македонската опозиција, до решение можеби, навистина, и ќе дојде.

Во спротивно, веќе во јануари некој ќе мора да му објасни на тимот на Бајден зошто и за чии интереси унилатерално се поткопува стабилната евро-атлантска перспектива на Балканот? Тој некој нема да треба да биде Македонија.

Преземено од: ЦИВИЛ Медиа

Поврзани вести

Зошто се влошува состојбата со епидемијата во Британија?

Крис Џилс/Financial Times

Апсење што го „потресе“ регионот: „Зета тече тамо џе јој Брано рече!“

Душан Телесковиќ/Недељник

ВИДЕО I Фуере: Мислам дека изборите во Бугарија нема да донесат ништо ново, па нема поента ЕУ да чека за да дејствува

И.И.

Интервју | Капка Касабова: Бугарија и Македонија се како мајка и ќерка што не разговараат

Георги Ангелов/Дојче Веле

Интервју Стефан Богоев: Не ѝ се погодив на урбаната мафија!

Анета Стојковска

Сара Полсон ѝ го честиташе 78-от роденден на својата партнерка: Ти си ми сè

Слободен Печат

Остави Коментар