Бајден им го честита Божиќ на православните христијани

Фото: Профимедиа

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во соопштение денеска ги поздрави православните христијани по повод православан Божиќ. 

-Заедно со Џил пожелуваме среќен Божиќ на православните христијани во САД и насекаде низ светот. Ова заветно време годинава изгледа поинаку од сите претходно. Многу семејства ги оплакуваат блиските, чие место на трпезата останува празно, или се откажуваат од омилените празнични традиции заради заемна безбедност. Уште повеќе, со славењето на раѓањето на Исус Христос ние помниме како верата, надежта и љубовта продолжуваат да го осветлуваат патот дури и во најтемните денови, и не крепат во моментите на најтешки искушенија, изјави Бајден. 

-Со одбележувањето на значајниот удел на православните христијани во животот на САД, и во целиот свет, го потврдуваме правото на сите луѓе да практикуаат вера по свој избор, и ја истакнуваме нашата приврзаност кон заштита на верските малцинства, кои секојдневно се судираат со дискриминација и насилство. Гледаме со надеж во Новата година и заедно со нашите православни браќа и сестри се молиме за мир, правда и заздравување во целиот свет, истакна новозибраниот претседател на САД. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот