Бајден и Трудо се обврзаа заеднички да се спротивстават на кинеското влијание

Фото: EPA-EFE/Pete Marovich / POOL

На синоќешната виртуелна средба американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо се обврзаа заеднички да се спротивстават на кинеското влијание и на климатските промени.

– САД немаат поблизок пријател од Канада, изјави Бајден на првата билатерална средба со Трудо.

На средбата е истакнато дека планираат поблиска соработка во борбата против пандемијата со ковид-19 и климатските промени со цел да се намалат емисиите на штетни гасови на нула до 2050 година.

Трудо му заблагодари на Бајден за американската поддршка за ослободување на двајцата канадски државјани, кои беа уапсени во Кина под сомнение за шпионажа.

Тој исто така ги поздрави напорите на новата американска администрација во борбата против климатските промени, истакнувајќи оти минатите години недостасувало американското водство.

Неименуван извор од канадската Влада наведе дека не е постигнат напредок во Канада да бидат достапни вакцините кои се произведуваат во САД. Канада набавува вакцини против ковид-19 од Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот