Бајден и јапонскиот премиер Кишида разговараа за Кина

Џозеф Бајден / Фото: ЕПА

За време на првиот официјален разговор, американскиот претседател Џозеф Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида изразија загриженост поради зајакнувањето на кинеската воена сила, која според нив ги зголемува тензиите во Пацификот.

Кишида рече дека двајцата лидери поминале „значително време разговарајќи за Кина“ во текот на 80-минутниот разговор, вклучително и загриженоста за „кинеската агресија врз Тајван“.

Лидерите разговараа и за ситуацијата во Хонг Конг и кинеската провинција Ксинџијанг, а Бајден го прозва Пекинг за кршење на правата на демократските активисти во Хонг Конг и работните логори за Ујгурите и другите етнички малцинства во Ксинџијанг.

Според Белата куќа, лидерите разговарале и за опциите за зајакнување на економските врски меѓу двете земји, а Бајден ја прифатил поканата на Кишида да ја посети Јапонија напролет.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот