Бајден и Харис почнуваат турнеја за промоција на плановите за економска преродба на САД

Камала Харис и Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Претседателот на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, го одбележуваат 100-от ден од стапувањето на функција со турнеја низ земјата за промоција на нивните амбициозни проекти.

План за американски вработувања и План за американски семејства се идеи за економска преродба на САД и беа најавени синоќа на обраќањето на претседателот пред двата дома на Конгресот.

Првиот е во висина 2.3 трилиони долари и предвидува обемна изградба на инфраструктурата со обнова и изградба на патишта, мостови, транспортни системи, пристаништа и аеродроми. Но и обнова на електро-дистрибутивната мрежа, водоснабдувањето, како и инвестиции во таканаречената „социјална” инфраструктура, како засилување на широкопојасниот интерент, поправка и изградба на станбени домови, комерцијални и федерали згради, инвестиции во развој на електричните автомобили и станици за нивно полнење, проширена домашна нега за возрасните и др.

Вториот план е во висина од 1.8 трилиони долари и превидува проширена програма за предучилишна грижа, платено отсуство од работа и боледување, две години бесплатен колеџ, субвенционирана детска грижа за квалификувани семејства, редовни месечни примања од најмалку 300 долари за родители за едно дете, како и зголемена достапност за бесплатни и по намалени цени училишни оброци.

Бајден синоќа на говорот рече дека американската Влада може да помогне, и тоа ќе го стори со огромно срце.

Тој и првата дама денеска патуваат за Џорџија каде ќе се сретнат со поранешниот претседател Џими Картер и поранешната прва дама Розалин Картер, потоа ќе одржат митинг во близина на Атланта, каде избирачите ќе го следат неговиот настап од своите коли.

Бајденови утре заминуваат за Филаделфија каде ќе го одбележуваат настанот 50 годишнина од основањето на железничкиот превозник „Амтрак”. Во понеделник, тие заминуваат во историското пристаниште Јорктаун, Вирџинија.

Во меѓувреме, Харис денеска е во Балтимир, а утре во Синсинати, каде ќе посети важна патна точка, мостот Брент Спенс, што поврзува два национални автопати над реката Охајо кон Кентаки.

Вториот џентлмен, Даглас Емхов (сопругот на Харис), пак оди во Северна Каролина на митинзи заедно со министерот за транспорт, Пит Бутиџич. Останати членови од владата во следните недели ќе се појавуваат на разни места низ земјата, додека преговорите со Конгресот за усвојување на двата плана се интензивираат. Бајден се надева на силна поддршка од американската јавност за неговите идеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот