Бајден и Фон дер Лајен разговарале за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан

Урсула фон дер Лајен и Џо Бајден
Урсула фон дер Лајен и Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Американскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при што се залагаше за фер меѓународен даночен систем, соопшти Белата куќа.

САД се надеваат дека на самитот на Г-20 на крајот на месецот ќе се постигне политички договор за воведување глобален минимален корпоративен данок.

Во разговорот со Фон дер Лајен, Бајден исто така изрази „силна поддршка” за продолжување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската унија, се вели во соопштението.

Лидерите на ЕУ и Балканот ќе се состанат в среда за да разговараат за идното членство на шест балкански земји: Република Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Се очекува изјава од состанокот да потврди дека ЕУ го гарантира идното членство на шесте земји, изјавија вчера двајца високи претставници на ЕУ.

Богатите земји на северот на ЕУ стравуваат од повторување на избрзаното пристапување на Романија и Бугарија во унијата во 2007 година и лошо управуваната миграција на работници од Источна Европа во Британија, што предизвика многу Британци да бидат против ЕУ, јавија западни медиуми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот