Бајден го поддржува вклучувањето на Африканската унија во групата Г20

ФОТО - Џо Бајден

Американскиот претседател, Џо Бајден, наредната седмица ќе ја соопшти поддршката на СAД за прием на Африканската унија во Групата Г20 на најголемите светски економии како постојани членки, изјави денеска претставник на Белата куќа.

Бајден ќе го соопшти тоа за време на Самитот на американско-африканските лидери во Вашингтон, изјави советникот на Белата куќа, Џад Девермонт.

„Потребни ни се повеќе африкански гласови во меѓународните разговори за глобалната економија, демократијата и управувањето, климатските промени, здравјето и безбедноста”, посочи тој.

Претседателот на Африканската унија и претседател на Сенегал, Меки Сал, и претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, го повикаа Бајден да ја зголеми нивната застапеност во Г20, изјави Девермонт за весникoт „Вашингтон пост”.

Јужна Африка е единствената земја членка на Г20 од Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот