Бајден го поддржа договорот што им дозволува на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО

Фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа договорот што ќе им овозможи на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО и помогна да се постигне договор зад кулисите на преговорите на нордиските земји со Турција, изјави висок американски претставник.

Турција престана да се противи на влезот на Финска и Шведска во НАТО пред годишниот самит на Алијансата во Мадрид.

Официјалниот претставник рече дека Бајден претходно во вторникот разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за НАТО на барање на двете земји.

Тој рече дека договорот ќе овозможи проширување на 30-члената алијанса и претставува „значајна промена во безбедноста”.

Турција не инсистираше нејзините барања за напредни американски воени авиони да бидат вклучени во преговорите, рече претставникот.

Бајден и Ердоган се очекува да се сретнат на маргините на самитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот