Бајден го осуди антисемитизмот и свастиката во Стејт департментот

EPA-EFE/Alex Edelman / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го осуди антисемитизмот, откако официјални лица соопштија дека е пронајдена свастика врежана на ѕидот на еден лифт во Стејт департментот.

– Да бидам јасен: антисемитизмот нема место во Стејт департментот, ниту во мојата администрација, ниту каде било во светот. На сите нас е да не и дадеме на омразата безбедно прибежиште и да се спротивставиме на фанатизмот каде и да го најдеме, напиша Бајден на Твитер.

Портпаролката на Стејт департментот претходно изјави дека свастиката е откриена вчера понеделникот и оти државниот секретар Ентони Блинкен се справил со инцидентот заедно со вработените во тој оддел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот