Бајден го ослободи првиот затвореник во Гвантанамо во неговиот мандат

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска премести еден затвореник Мароканец од американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо, што е прв ваков потег откако Бајден ја презеде функцијата

Мароканецот Абдул Латиф Насир (56), кој бил затворен од 2002 година, бил ослободен уште во 2016 година, но и покрај тоа останал во затвор, за време на целиот мандат на Трамп.

Сега е вратен во својата земја.

Во затворот останаа уште 39 затвореници. Повеќето од нив се притворени скоро две децении, иако не биле обвинети ниту им е судено.

Затворот во Гвантанамо, наменет за странски осомничени по нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, основан како симбол на американската „борба против тероризмот”, постојано беше цел на критики поради бруталните методи на испрашување, за кои критичарите велат дека се тортура.

Доналд Трамп за време на својот четиригодишен мандат го држеше затворот во функција, додека Бајден вети дека ќе го затвори објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот