Бајден го одбра новиот директор на ЦИА

Фото: EPA/RITCHIE B. TONGO

Идниот американски претседател, Џо Бајден објави дека искусниот дипломат Вилијам Бернс ќе биде новиот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Бернс (64) беше амбасадор во Русија и Јордан, а во Стејт департментот е 33 години, пренесуваат Вијести.

Тој бил заменик државен секретар на САД пред заминувањето во пензија во 2014 година.

Бернс минатата година напиша неколку жестоко критички текстови за политиките на администрацијата на Доналд Трамп.

– Бил Бернс е дипломат за пример со децении искуство на светската сцена, чувајќи ја безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и државата. Тој го дели моето длабоко мислење дека разузнавачките работи мораат да бидат аполитични и дека посветените разузнавачки професионалци кои и служат на нашата држава заслужуваат благодарност и почит. Амбасадорот Бернс носи знаење и перспектива дека мораме да ги спречиме и да им се спротиставиме на заканите пред да дојдат до нашиот брег. Американските граѓани ќе можат да спијат мирно со него на чело на ЦИА, рекол Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот