Бајден го назначи поранешниот градоначалник на Њу Орлеанс да го надгледува неговиот инфраструктурен план

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Ken Cedeno

Американскиот претседател Џо Бајден го назначи поранешниот градоначалник на Њу Орлеанс Мич Ландру да го надгледува спроведувањето на неговиот инфраструктурен план од билион долари, соопшти Белата куќа.

Ландру, кој исто така е поранешен заменик-гувернер на Демократската партија во Луизијана, беше градоначалник на Њу Орлеанс помеѓу 2010 и 2018 година и одигра важна улога во помагањето на градот да ги надмине последиците од разорниот ураган Катрина во 2005 година.

Претставничкиот дом го одобри инфраструктурниот план претходно овој месец, а Сенатот го усвои во август. Бајден ќе го потпише планот денеска на церемонија на која ќе присуствуваат и демократите и некои републиканци кои дадоа најголем придонес за неговото усвојување.

„Благодарен сум на претседателот и чест ми е што сум задолжен за координирање на најголемата инфраструктурна инвестиција по генерации”, рече Ландру во изјавата, додавајќи: „Нашата работа ќе бара засилено партнерство во владата и со државните и локалните лидери. бизнисите и работниците да создадат добро платени работни места и да ја обноват Америка за средната класа”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот