Бајден го исполни ветувањето: Вакцинирани над 100 милиони Американци

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

Администрацијата на Бајден, која си постави цел да бидат дадени 100 милиони вакцини во првите 100 дена на власт, собори уште еден рекорд бидејќи 100 милиони луѓе биле вакцинирани, пренесе Гласот на Америка.

Сепак, бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во некои делови на земјата останува голем.

– Ве молам, не го уништувајте овој напредок за кој толку напорно работевме и се боревме. Сите мора да бидете внимателни – рече Џо Бајден.

Американскиот претседател претходно објави дека има намера да ја забрза дистрибуцијата на вакцини, така што 90 проценти од возрасните ќе бидат вакцинирани до 19 април, а остатокот до 1 мај.

За време на брифингот во Белата куќа, Бајден и директорката на Центрите за контрола и превенција на болести, Рошел Валески, предупредија дека ограничувањата не треба да се релаксираат. Бајден рече дека четвртиот бран ќе се случи ако тоа продолжи.

Во светот се потврдени 130 милиони луѓе заразени со вирусот корона, а 2,8 милиони луѓе починаа. Соединетите држави водат со 30,6 милиони заразени и над 554 илјади мртви.

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) објави нови упатства според кои целосно вакцинираните лица можат да патуваат без карантин, но треба да носат маски и да држат дистанца.

На компаниите кои поседуваат крузери им е кажано дека можат да продолжат со патувања.

Неколку компании кои имаат крузери извршија притисок врз ЦДЦ да издадат нови упатства, бидејќи не можат да работат без тоа, потсетува Гласот на Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот