Бајден гласаше во родниот град заедно со сопругата

Фото: EPA-EFE/CURTIS COMPTON / THE ATLANTA JOURNAL-CONSTITUTION / MANDATORY CREDIT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

 Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и неговата сопруга Џил денеска гласаа на изборите, придружувајќи им се на 74 милиони Американци кои го искористија предвременото гласање.

Бајден гласаше во зградата на Државната канцеларија Карвел во неговиот роден град Вилмингтон, во државата Делавер.

Како што пренесуваат американските медиуми, се очекува Бајден лесно да победи во Делавер.

Неговиот противник, претставникот на Републиканците и сегашен претседател Доналд Трамп гласаше во саботата во јавна библиотека спроти еден од неговите голф-клубови во државата Флорида.

Изборите во САД се на 3 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот