Бајден ги именува најважните дипломати во Стејт департментот, Нуланд се враќа како потсекретар

epa
epa08805158 Democratic candidate for President, Joe Biden, greets supporters during his Iowa caucus night watch party in Des Moines, Iowa, USA, 03 February 2020 (reissued 07 November 2020). According to US media outlets Associated Press, CNN, ABC, fOX News and others, the winner of the US presidential election is Democratic candidate Joe Biden. Biden was projected as the winner of the state of Pennsylvania and reached the treshold of 270 electoral votes, reports state. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска ги назначи Венди Шерман за заменик државен секретар и Викторија Нуланд за потсекретар за политички прашања, што значи дека двете ќе ги заземат втората и третата највисока позиција во Стејт департментот.

Британските медиуми наведуваат дека Шерман е ветеранка во американската надворешна политика и клучен преговарач за нуклеарниот договор со Иран, постигнат во 2015 година, од кој САД се повлекоа за време на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Нуланд е дипломат од кариера, која меѓу другото работеше и во администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама како помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, а исто така беше и амбасадор на САД во НАТО и портпарол на Стејт департментот.

Бајден, меѓудругите, еден од своите долгогодишни советници за надворешна политика, Брајан Мекон, денеска го назначи за заменик државен секретар за управување и ресурси, а Бони Џексинс за потсекретар за контрола на воооружување и меѓународни безбедносни работи.

Узу Зеј е назначен за потсекретар за граѓанско општество, демократија и човекови права.

Бајден во изјавата кажа дека тимот што го назначи го отелотворува неговото верување дека Америка е најсилна кога соработува со сојузниците, додавајќи дека новоназначените „ќе го искористат своето дипломатско искуство и вештини за да го обноват глобалното и моралното лидерство на Америка”.

-Америка се врати, рече Бајден.

Американските медиуми оценуваат дека со давањето место во Стејт департментот на групата поранешни дипломати од кариера и ветерани од администрацијата на Обама, Бајден посочува дека сака да се врати кон традиционалната надворешна политика после, како што наведе, четирите години на неизвесност и непредвидливост со Доналд Трамп.

Новиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, треба да бидат потврден во вторник, кога ќе се одржи сослушување во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат.

И назначувањата на Шерман, Мекон, Нуланд, Џексинс и Зеј, исто така, бараат одобрение од Сенатот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот