Бајден ги чека резултатите со своето семејство

Instagram

Додека американскиот претседател Доналд Трамп се повлече во Белата куќа и паузираше објавувајќи твитови, а приврзаниците на двајцата кандидати на улиците слават или протестираат, Бајден го поминува денот со своето семејство, пренесува Си-Ен-Ен.

Демократскиот кандидат го поминува денот дома со своето семејство и соработници, каде ги чека резултатите од изборите.

Кандидатот на демократите Џо Бајден има намера да им се обрати на Американците вечерва, објавија неколку американски медиуми, вклучувајќи ги Фокс Њуз, Си-Ен-Ен и ЦБС.

Сè уште не е познато кој ќе победи на претседателските избори кои се одржаа во вторникот, но се чини дека Бајден е на прагот да влезе во Белата куќа.

Бајден презеде водство, вечерва планира да им се обрати на Американците

Бајден денеска го презеде водството пред актуелниот претседател Доналд Трамп во Пенсилванија и Џорџија.

Според податоците што ги објави Си-Ен-Ен, врз основа на 96 проценти од пребројаните гласови, Бајден го презеде водството во Пенсилванија и сега има 49,5 проценти, додека Трамп има 49,3.

Кога станува збор за Џорџија, врз основа на 99 проценти од пребројаните гласови, двајцата кандидати имаат по 49,4 проценти од гласовите.

Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспертер денеска рече дека ќе се повтори пребројувањето на гласовите на претседателските избори во таа сојузна држава, поради мала разлика.

Животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут

Резултатите објавени од Си-Ен-Ен во Аризона, засновани на 94 проценти од пребројаните гласови, покажуваат дека Бајден има поддршка од 49,9 проценти од гласачите, а Трамп од 48,6 проценти.

Во однос на Невада, врз основа на 92 проценти од гласовите, Бајден е во предност со 49,7 проценти од гласовите, додека Трамп има 48,1.

Единствено во Северна Каролина, врз основа на преброени 95 проценти од гласовите, Трамп е во предност со 50 проценти од гласовите, додека Бајден има 48,6 проценти од гласовите.

Си-Ен-Ен наведува дека вкупно на ниво на САД, Бајден има 253 електорски гласови, а Трамп 213.

За влез во Белата куќа, еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 гласа од 538 гласачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот