Бајден: Г7 и НАТО мора да се држат заедно против руската агресија во Украина

Шолц - Бајден/ Фото Michael Kappeler / AFP / Profimedia

Г7 и НАТО мора да се држат заедно против руската агресија во Украина, рече американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Баварија пред разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Рускиот претседател Владимир Путин се надеваше дека „НАТО и Г7 некако ќе се разделат, рече Бајден. – Но, не се разделивме и нема да се разделиме, додаде тој. Мораме да се држиме заедно, нагласи тој пред германскиот канцелар Шолц.

Самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7) денеска почнува во Елмау, Германија, а ќе трае до вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот