Бајден до нафтените компании: Не помислувајте да ги пумпате цените со ураганот како изговор

Џо Бајден
Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/Yuichi Yamazaki

Американскиот претседател Џо Бајден ги предупреди енергетските компании да не го користат ураганот „Иан“ како изговор за зголемување на цените на нафтата и гасот.

– Сакам да додадам уште едно предупредување – до раководителите на нафтената и гасната индустрија. Немојте, повторувам, немојте да го користите ова како изговор за да ги зголемите цените на бензинот или да го измачувате американскиот народ, рече Бајден на почетокот на конференцијата за глад во Америка.

Бајден рече дека ураганот „не дава оправдување за зголемување на цените на пумпените станици” – САД гледа. Индустријата треба да ја направи вистинската работа, додаде Бајден.

Тој рече дека цените на нафтата паднале доста во однос на економски дестабилизирачките рекорди претходно оваа година и оцени дека „цената на гасот исто така треба да се намалува”.

Претседателот посочи дека советниците му рекле оти помалку од два отсто од дневното производство на нафта во САД било погодено од ураганот, така што „ова мало, привремено влијание на бурата врз производството на нафта не дава никакво оправдување”.

– Ако трошоците за гориво нагло се зголемат, ќе побарам од официјалните лица да проверат дали продолжуваат поскапувањата, рече тој.

Има неколку знаци дека просечните цени на бензинот значително скокнале во Флорида со приближувањето на ураганот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот