Бајден до грчката колешка Сакеларопулу: Вашата земја е клучен НАТО сојузник и придонесува во стабилноста во поширокиот регион

Фото: EPA-EFE/OLIVER CONTRERAS / POOL

Грција е НАТО сојузник од клучно значење и близок пријател на САД, обезбедувајќи стабилност и активно придонесувајќи кон мирот и просперитетот во Источниот Медитеран, Црното Море и на Западен Балкан, пишува американскиот претседател Џо Бајден до неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу во пораката по повод националниот празник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Бајден вели дека во неговата кариера имал привилегија да соработува со многу грчки премиери и изразува надеж дека ќе продолжи традицијата на дополнително зајакнување на соработката меѓу двете земји и „реафирмирање на заедничка посветеност кон Трансатлантскиот сојуз и кон сите заеднички вредности што нѐ обединуваат”.

Американскиот претседател во пораката до Сакеларопулу му честита на грчкиот народ за „историскиот јубилеј – 200 години од борбата за независност” и додава дека грчките борци од 1821 година биле инспирирани од „идеалите и постапките на американската револуција, исто како што американските револуционери и татковците на нашата нација беа инспирирани од примерот на атинската демократија”.

Истакнува дека повеќе од 200 години, Грците и Американците чекореа заедно, „почитувајќи ги и бранејќи ги принципите на демократијата што им дадоа живот на нашите револуции” и пишува дека и тој, заедно со грчкиот народ и милиони горди грчки Американци учествува во прославата на годишнината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот