Бајден денеска ќе побара засилена акција за контрола на оружјето во САД 

Фото: Christina Kennedy / Alamy / Alamy / Profimedia

Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се обрати денеска околу плановите на администрацијата за намалување на насилството со оружје, што е во подем во САД во изминатиов период. Престрелките и убиствата со оружје се зголемија минатото лето откако градовите почнаа да ги олеснуваат мерките поврзани со пандемијата.

Бајден денеска треба да објави серија извршни наредби со цел да се намалат  вооружените злосторства, и се очекува повторно да го повика Конгресот да усвои закон за контрола на оружјето.

Само во првиот викенд од јуни во САД 120 луѓе загинале од огнострелно оружје, јави Вашингтон пост. Само во првите пет месеци годинава имало 8.100 жртви, или во просек гинеле 54 луѓе дневно, или 14 убиства дневно повеќе отколку просечниот број на жртви во првите шест месеци изминатите шест години. 

Во Чикаго, третиот по големина град во земјата, бројот на убиствата е рекорден, досега се зголемил до 307, споредбено со истиот период ланиВо Њујорк, пак, годинава досега имало 194 убиства, наспроти 171 во истиот период ланиа во Лос Анџелес, вториот по големина град во САД, бројот изнесува 148 убиства, за разлика од 121 ланиспоред најновите податоци од полицијата. 

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека претседателот цврсто верува во потребата од реформи на полицијата, „но има и чекори што може да ги преземе како претседател на САД за да помогне во справувањето и намалувањето на тој криминал”.

Иако, дел од убиствата се поврзани со агресивното однесување на полицијата, експертите велат дека долгорочните проблеми како економската нееднаквост, зголеменото купување оружје и кревките односи меѓу локалните заедници и полицијата пораснале за време на пандемијата лани, како и насилствата поради расната нетрпеливост.  

 Експертите предвидуваат дека оружените насилства може да се зголемат со летните распусти на училиштата и олабавувањето на мерките поврзани со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот