Бајден денеска ќе има средби со лидерите од Г-7

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

На претстојниот виртуелен самит на Г-7 групата најразвиени демократии, претседателот на САД, Џо Бајден, ќе го истакне лидерството на САД во глобалната дипломатија, а на обраќањето на Минхенската безбедносна конференција, тој ќе се заложи за повторно враќање кон мултиратералата, напуштена за време на неговиот претходник, ДоналдТрамп.

-Претседателот ќе ги истакне засилените заложби за враќање на Соединетите Држави кон мултиратералата, и посебно кон насоките на нашата дипломатија напуштени од Трамп, официјален претставник на администрацијата соопшти денеска за весникот Вашингтон пост.

Ова ќе биде едно од најистакнатите обраќања на Бајден за надворешната политика на САД во првиот месец од доаѓањето на функцијата, кога фокусот беше на домашните приоритети како борбата со пандемијата и економската криза.

Според прeтставникот, тој ќе укаже дека само демократиите се најдобро опремени да се справат со предизвиците на 21 век.

На средбите со лидерите на групата Бајден ќе се фокусира на дискусиите околу борбата со ковид-19, праведната распределба на вакцини во рамките на програмата Ковакс, како и проблемот со климатските промени, но и напорите за обнова на светската економија.

Тој ќе ја истекне и неопходноста за развој на колективна способност за конкуренција за да се одговори на предизвиците од страна од страна на Кина, изјавија синоќа од Белата куќа

Виртуелниот самит на Г-7 ќе биде првата прилика на претседателот на САД за средби со лидерите на останатите земји од групата, во која спаѓаат Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот